Избори ќе има, договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај Пендаровски, и од тоа нема бегање, одговори Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ на новинарско прашање, откако денеска премиерот Заев најави можно одложување на изборите доколку не се донесат законите кои, како што рече тој, значеле живот за граѓаните.
– Веќе е 24 декември, помалку од 10-тина дена од заминувањето на Заев од премиерската позиција. Веројатно човекот го фаќа паника и едноставно поради немање на друг маневар се обидува на секој можен начин да проба да ги одложи изборите. Избори ќе има. Изборите се договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај Пендаровски, и од тоа нема бегање. Имаа три години да буквално ги донесат сите закони кои што сметаат дека ќе бидат од бенефит на граѓаните – порача Јанушев.