Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера одржал седница на која го потврдил генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, за претседател на Републичкиот изборен штаб за претстојните избори, соопштија од партијата.
Исто така, донесени се одлуки и за други кадровски решенија.
„ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го избра Јован Јаулески. Меѓу другите кадровски решенија кои беа утврдени, за советник за меѓународна политика на претседателот Христијан Мицкоски е избран Стефан Андоновски, додека за советник за меѓусоседска политика е избран Тони Димитриевски“, наведоа од Белата палата.
Извршниот комитет избрал и претседатели и членови на Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција и Комисијата за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги.