Јанушев до Заев: Се сеќавате ли на разговорот со Јанева, на едно УСБ и кој му кажа на Боки 13?

2626

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на Фејсбук го прашува премиерот Зоран Заев дали се сеќава кој од владата му кажал на Бојан Јовановски  дека има пријава против него.

„Зоран Заев со очигледна нервоза, што би рекол народот од „немајкаде”, „храбро” вели да се објави се за аферата “Рекет”. Можеби обвинителството ќе го послуша или можеби не, но еве неколку прашања за освежување на меморијата:

1. NSKRO 74/17 – USB, се сеќавате ли г-дине Заев?

2. Кој од влада му дојави на Бојан Јовановски дека е пријавен за рекет?

И, еве за денес последното:

3. Се сеќавате ли на Вашата комуникација со Јанева?

П.С. – сетете се за комуникацијата затоа што телефонот е на сигурно. 😉

И да, за разлика од вашите ова не се лажни вести“, вели Јанушев на Фејсбук.

Заев, претходно за „Радио Слободна Еврпа“ изјави дека сака се да се објави за аферата „Рекет“ и оти нема што да скрие.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...