Договорот е мртов, референдумот е неуспешен. Сигурен сум во нашиот став и дека пратениците од опозицијата ќе останат доследни. Граѓаните кажаа дека Договорот е мртов, не опозицијата, рече Игор Јанушев генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во дебата на телевизија Телма.
– Ова раководство на ВМРО – ДПМНЕ е уверено дека може да има подобар договор – додаде Јанушев.
Јанушев реагираше дека власта сама го водела преговарачкиот процес без да ја консултира опозицијата:
– Ние ги баравме лидерските средби. Не бевме информирани за текот на преговарачкиот процес.