Јанушев: Го потценија, ама не успеаја да го купат мaкедонскиот народ ВИДЕО

246

Eдинствен и најголем непријател на македонскиот народ е Зоран Заев, бидејќи со прифаќањето на Договорот со Грција и ставањето на референдум се врши продажба на се она што е македонско. Продажба на македонското име, промената на Уставот каде што предвидува промена на името Република Македонија, продажба на македонскиот јазик, продажба на идентитетот, изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната средба со граѓаните на Пробиштип.

„Се она останато кои што се реални проблеми, кои што влијаат на граѓаните е во опаѓање, целата економија доживува крах и единствен пораст можеме да забележиме во џебовите токму на функционерите и фамилиите на функционерите кои што доаѓаат од СДСМ и кои што се блиски на Заев.

Она што сакаме да порачаме вечерва овде од Пробиштип е дека потценувањето на македонскиот народ, пробувањето да биде купен со разни видови на поткуп како што имаме прилика да видиме пред некој ден не успева, дека народот е на страна на реалноста, дека народот е на страната на отпорот и она што особено вака предизвикува позитивни вибрации е дека народот се спротивставува на сето ова што денеска се случува во Република Македонија.

Така да уште еднаш ќе порачам како многупати досега сите оние кои што го немаат погледнато договорот и кои што не ги знаат штетните последици од истиот за македонската држава, да го направат тоа и се доволно паметни, доволно чесни, доволно искрени да знаат како да постапат на 30-ти септември“ истакна Јанушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...