Јанушев го информирал Пфортнер за сите скандали и афери во Македонија

744

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија средба со министер за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија Стефан Холтхоф Пфортнер, соопшти партијата.

На средбата се дискутирало за актуелната политичка и економска состојба, како и евроатланските интеграции на Република Македонија.

– Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека Република Македонија се наоѓа во исклучително тешка состојба поради катастрофалното владеење од страна на актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев, укажувајќи на големиот број на скандали и афери кои се случија изминатиот период, како и на лошата економска политика на власта. Јанушев посочи дека потребно е спроведување на итни реформи кои што ќе бидат клучни за добивање на датум за почеток на преговори со Европската Унија, бидејќи стратешка цел и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е Република Македонија да биде полноправна членка на европското семејство, соопшти партијата.

Мисајловски истакнал дека Република Македонија мора да стане правна држава во која ќе има владеење на правото, додавајќи дека тоа е возможно само доколку институциите целосно ги расчистат криминалните афери и скандали во кои беа вклучени високи претставници на власта на СДСМ.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...