Јанкулоска не дојде на „Тенк“, има ризична бременост

Одбраната на поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот помошник за внатрешни работи, Ѓоко Поповски е против барањето да се раздвои постапката за Јанкулоска.

640
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска не дојде на судењето за случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“, а тоа нејзината одбрана го оправда со лекарска потврда за ризична бременост.

По увидот во лекарското уверение од страна на СЈО, специјалните обвинители побараа да се раздвои постапката за Јанкулоска и да ѝ се суди одвоено.

Одбраната на поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот помошник за внатрешни работи, Ѓоко Поповски е против барањето да се раздвои постапката бидејќи сметаат дека Јанкулоска е важна за нивната одбрана.

Судот даде пауза од 45 минути за да одлучи за барањето на СЈО.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...