Јанкулоска нема да оди во затвор до 1 јули

723

Судија за извршување на сакции од Кривичниот суд во Скопје ѝ го одобри барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да не оди во затвор додека нејзиното дете не наполни една година. Извршувањето на казната ѝ е одложено до 1 јули 2019.

Ова право Јанкулоска го добива со закон каде еден посебните услови за на некој да му се одложи казната е ако осудената има дете кое сѐ уште не наполнило една година. Бебето на Јанкулоска првиот роденден треба да го прослави крајот на јуни.

Таа треба да изврши казна затвор од четири години за предметот „Тенк“ кој се однесува на набавката на блиндираниот мерцедес. Со првостепената пресуда беше осудена на шест години, но Апелацискиот суд во Скопје ѝ ја намали казната на четири години.

Сепак, Јанкуоска може спас да добие и од Врховен, до каде поднела барање за вонреден правен лек до Врховниот суд за тој да ја преиспита пресудата. Највисокиот суд може да одлучи да ја потврди, преиначи или укине пресудата. Истото го направи и Никола Груевски, но одлука за него сѐ уште нема бидејќи материјалите дури сега ќе се испратат до највисокиот суд оти се чекаше да се комплетираат сите материјали за „Тенк“ чии списи се наоѓаа во Апелација која се чекаше да се произнесе за казната на Јанкулоска.

На Јанкулоска во овој предмет ѝ се судеше во одвоена постапка поради ризична бременост.

Груевски во случајот доби две години затвор, но избега пред да заврши зад решетки. Осуден е и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој доби четири години и шест месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...