Фотографии како екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се вози на мотор низ градот се шират низ социјалните мрежи.
Откако се појавија неколку фотографии, Јанкулоска сама на социјалните мрежи си објави фотографии со коментар „Слики стигаат од сите страни“.
Од фотографиите се гледа дека истите се направени пред Кривичниот суд во Скопје каде таа утрово се појави на судење за предметот „Титаник“.