Јанкулоска и Кочан не ескивираат, чекаат датум за затвор

Од Кривичниот суд на денешниот брифинг со новинарите информираа дека утрово провериле и оти и двајцата ги почитуваат мерките на претпазливост.

955

Апелацискиот суд во Скопје сѐ уште не ги доставил до Кривичен пресудите за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и за бизнисменот Сеад Кочан, од каде потоа треба да добијат упатен акт за тоа кога и во кој затвор треба да се јават да ги издржат затворските казни.

За двајцата пресудите станаа правосилни откако второстепениот суд се произнесе за нивните жалби. На Јанкулоска во случајот „Тенк“ ѝ ја намали казната од шест на четири години затвор, а на Кочан во предметот „Труст“ од шест на четири години и осум месеци.

Во меѓувреме, Кочан има мерки на претпазливост односно гаранција во имот дека нема да бега, додека Јанкулоска има забрана за напуштање на Скопје.

Од Кривичниот суд на денешниот брифинг со новинарите информираа дека утрово провериле и оти и двајцата ги почитуваат мерките.

Откако овој суд ќе ги добие пресудите од Апелација, процедурата налага предметите според АКМИС системот да се распоредат кај судија за извршување санкции кој потоа ќе треба да им испрати упатен акт каде и кога треба да почнат да ја извршуваат казната.

На тоа, осудените имаат право на жалба за која ќе одлучува Кривичниот совет.

Јанкулоска има право да побара и одложување на одењето во затвор за неколку месеци односно додека нејзиното беше не наполни една година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...