Јанкулоска до Груевски: На 800 км од Македонија лесно е да се амнестираш од проблематичните одлуки

5447

Поранешната министерка за внатрешни работи и блиска соработничка на Никола Груевски на Фејсбук му реплицира на екс лидерот дека е лесно да се коментира на 800 километри оддалеченост од Македонија.

– Кога си далеку од проблемите, на 800 км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото, му напиша Јанкулоска на Груевски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...