Марија Јанковска, сопственичка на оптика во „Сити мол“, денеска сведочеше во случајот „Рекет“ како сведок на првообвинетиот Бојан Јовановски Боки 13-ка, при што зборуваше за долгогодишното познанство со него.
– Го познавам Бојан уште кога ја организираше првата 13-ка, манифестација која е од пред 15 години. Многу долго го познавам и тоа познанство ми помогнало многу зошто луѓето го следеа него и тоа што тој го носеше од нашата оптика – рече сведокот Јанковска.
Со Бојан сум била во Грција, Италија, Франција.. Модните брендови знаат на инфлуенсерите да им подарат нешто од следната сезона, тоа се случува, одговори таа на прашање на адвокатот Сашо Дуковски дали Боки добивал било што на средбите во странство.
– Бојан не е многу галантна личност, патувањата сама си ги плаќав, освен кога сме оделе со автомобил – одговори Јанковска која рече дека со Боки била на одмор пет дена во ресорт „Данаил“ во Грција и сѐ сама си платила.
Фото: МИА