Јане Ченто останува во притвор за 27 април

561

Обвинетиот во случајот за 27 април, Јане Ченто, останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Апелациониот суд му ја одби жалбата.

Јавна седница за неговата жалба за продолжување на притворот се одржа во понеделникот кога тој побара да остане во притвор.

– Нема да барам да ми даде куќен притвор или друга мерка, бидејќи моите браќа се во затворот во Шутка, неправедно држени во притвор повеќе од 11 месеци. Жалбата, свесен сум, дека секако ќе ми ја одбиете. Вратете ме во Шутка бидејќи во ваква држава чест е да бидете во затвор во вакво време, рече Јане Ченто на јавната седница на која се разгледуваше неговата жалба за продолжување на притворот за случајот 27 април во кој тој е еден од обвинетите.

Тој тогаш се пожали на селективна правда, рече дека по кој знае кој пат му се продолжува притворот без никакви аргументи и со копирани решенија и иста терминологија од претходните продолжувања на мерката притвор како и решенијата за другите обвинети.

Инаку Ченто од претходно имаше поднесено и гаранција од над 500.000 евра дека нема да избега, но ниту таа не му беше прифатена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...