Јане Ченто преку неговата сестра на социјалните мрежи се обрати до јавноста. Тој порача дека и од Идризово ќе се бори да ја докаже својата невиност.
„Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме. Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.
Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.
Ние ќе се бориме да ја докажеме нашата невиност и ќе успееме еден ден во тоа, иако ќе бидеме во затворот Идризово, нема предавање МАКЕДОНЦИ !!!
Македонија слободна ќе биде !!! Збогум Шутка!“, напиша Ченто.