Јане Ченто во Шутка не го давал мобилниот, со „зафат“ му го одзеле

Од затворот велат дека со медицинска белешка утврдено е дека како резултат на физичкото дејство, Ченто има црвенило врз кожата, без посериозни последици.

1854

Мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети биле пронајдени вчера при редовен претрес на собите во истражниот затвор Шутка кај лицето Јане Ченто, соопштуваат од Истражниот затвор Скопје.

Директорот на затворот Ѓоко Котевски потврди дека службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што тој се спротиставил и пружил активен и насилен отпор. Службените лица на тоа одговориле со зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби и му ги одзеле телефонот и другите недозволени предмети.

Како што додаваат од затворот, со медицинска белешка утврдено е дека како резултат на физичкото дејство, Ченто има црвенило врз кожата, без посериозни последици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...