Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во денешното интервју за весникот „Независен“ вели дека одново би конкурирала за прв човек на СЈО и покрај барањата на опозицијата за нејзина оставка. Таа не верува дека ќе биде „жртва“ за да помине Законот за јавно обвинителство.
– Јас ќе конкурирам доколку се изгласа новиот Закон за јавно обвинителство, односно на конкурсот за избор на специјален јавен обвинител. На тоа имаат право сите обвинители што ги исполнуваат условите предвидени со предлог-законот. Сметам дека ги исполнувам условите и ќе поднесам документи. Нема да се откажам. Секако, јас не можам да влијаам врз изборот, тоа е работа на Советот на јавни обвинители – вели актуелната шефица на СЈО.
Јанева вели дека нема намери да влегува во политиката.