Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, го прекина боледувањето и се врати на работа.
Таа го отвори истото еден ден по поднесената оставка и по отворање на истрагата за „Рекет“.
Јанева денеска првпат излезе во јавноста да даде изјава. Одржа прес-конференција од работното место, избега од новинарските прашања. Од однапред спремената изјава прочита дека е чиста и не е вмешана ниту свесно ниту несвесно во „Рекет“. За првоосомничениот Бојан Јовановски кажа оти не само тој, туку и за други лица до неа доаѓале гласови дека ѝ го злоупотребуваат името.
Што кажа обвинителката во нејзиното денешно појавување можете да прочитате ТУКА.