Јанева одлучи засега да молчи за „Рекет“

407

Порашената специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, во оваа фаза од постапката нема да дава исказ пред обвинител во случајот „Рекет“ во кој е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување. Таа, според нејзините адвокати, нема ниту да се спогодува.

Одлуката ја донела заедно со нејзините бранители, кои до четврток, 10 октомври, имаат рок да предложат докази во полза на Јанева.

Истрагата за случајот заврши пред околу две недели, а се очекува наскоро и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да покрене обвинение.

Паралелно одбраната на Јанева ја очекува и одлуката од Апелацискиот суд во Скопје за тоа дали ексобвинителката ќе остане во притвор во затворот во Шуто Оризари или ќе добие поблага мерка, како што е куќниот притвор.

За да излезе од притвор, адвокатите понудија гаранција од имот, која беше одбиена, по што следуваше жалба. За да се донесе одлука за жалбата, второстепениот суд го очекуваше мислењето од Вишото јавно обвинителство, од каде истото е испратено утрово.

До овој момент сѐ уште нема одлука од Апелација за притворот на Јанева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...