Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го одби барањето обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски да се изземат од предметот „Титаник 3“, дознаваме од неофицијални извори.
Одлуката од СЈО веќе е испратена во Основниот кривичен суд и треба да биде соопштена во продолжението на денешното судско рочиште за овој предмет.
Изземањето го аадвокатот Еленко Миланов и тоа тој образложи со тоа дека поради последните случувања во СЈО околностите се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.
Одбраната бараше и изземање на Јанева, но судијката Марија Клетничка го одби.
Во предметот „Титаник 3“ каде беа поднесени овие барања, обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.
ОБНОВЕНО:
Одлуката на Јанева и официјално е соопштена на продолжението на рочиштето за „Титаник 3“.