Катица Јанева дојде на денешното прво рочиште од случајот „Рекет“. Таа беше спрoведена во судот од станот на нејзиниот син каде се наоѓа во домашен притвор од минатата недела.
Во судот се појави и Зоран Милевски Кичеец, кој е третоосомничен за „Рекет“. Првоосомничениот Бојан Јовановски Боки 13 треба да биде донесе од затворот во Шуто Оризари, каде е во притвор.
Судскиот процес за „Рекет“ побуди огромен интерес во јавноста и во медиумите.