Апелацискиот суд во Скопје ја уважи жалбата на екс претседателката на Специјалното обвинителство и таа денеска излегува од затворот во Шутка во домашен притвор, и тоа во станот на нејзиниот син, за кој тој поседува имотен лист.
Од Апелација велат дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева, на тоа укажувала лекарската документација.
За да излезе од притвор, Јанева нудеше гаранција во имот. Таа беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август годинава, по што судот и одреди мерка притвор.