Јанева дојде во СЈО

2178

Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, пристига во СЈО, откако во минатиот понеделник поднесе оставка на функцијата која треба да стапи на сила по изборот на новиот обвинител, а во вторникот отвори боледување.

Според информации на Плусинфо, засега нема сознанија дали Јанева ќе даде изјава за медиумите, ни дали веќе се сретнала со својот тим.

Претпладнево Јавното обвинителство соопшти дека е обезбеден и другиот телефон на Јанева, за кој се тврдеше дека е изгубен. Мобилниот на Јанева е пронајден кај лице коешто изјавило дека му бил даден на подарок.

Јанева се поврзува со случајот „Рекет“ поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...