Катица Јанева, специјалната обвинителка денеска изјави дека ги слушаат бомбите кои ги објавува Ел Чека, но вели дека моментално ги анализираат.
– Тоа го анализираат информатичарите, има нешто што е детектирано кај нас, а дел не. Така да се уште бараме по тие разговори. Има дел од „бомбите“ кои ги имаме и ние. Во овој момент не може да гарантираме дека тие не се од кај нас, бидејќи се исражува – вели Јанева.
Јанева која дала налог да се истражат „бомбите“ што беа објавени деновиве на Фејбук профилот „Ел Чеко“, рече дека нема информации од каде се обезбедени.
– Дадов налог да се истражат „бомбите“ и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори – рече Јанева пред Петтата сесија на работната група 3 од Правосудство и основни права – Поглавје 23 од Националната конвенција за Европската унија што се одржува во Клубот на пратениците.