Јанева била следена десет дена, а Боки 13 и Кичеец еден месец

1105

Боки 13 и Зоран Милески Кичеец биле следени речиси еден месец пред да бидат уапсени на 15 јули, а Катица Јанева десет дена пред апсењето на 21 август, јавува Канал 5.

Ова се дел од доказите обезебедени со посебните истражни мерки кои им биле дадени на увид на адвокатите на ексспецијалната обвинителка Катица Јанева.

Откако одбраната не само на Јанева, туку и на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески Кичеец, ќе заврши со увидот, ќе може да предложи свои докази, материјални и сведоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...