Јанева: Антонио Милошоски многу се занесува во изјавите

1026
20150915 Tuesday 1311 sobranie pratenici Antonio Miloshoski Milososki

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очекува дека Законот за јавно обвинителство со кој се решава судбината на СЈО, ќе се донесе наскоро односно не очекува големи проблеми.

Таа го коментираше и тоа што еден од преговарачите во тимот на СЈО е Антонио Милошоски кој е еден од осомничените, посочувајќи дека не може да преговара такво лице и да дава квалификации и за СЈО и за неа како личност.

– Меѓународната заедница дава јасни насоки, а и власта, освен опозицијата, која е лично засегната – истакна Јанева, додавајќи дека не може за законот да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и кое дава квалификации за СЈО и за нејзината личност.

– Тука мислам на Антонио Милошоски, кој многу се занесува во своите изјави – истакна Јанева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...