Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски кој неодамна беше притворен како осомничен за злоупотреба на службената положба при незаконско доделување државно земјиште е хоспитаизиран во приватна болница, потврдува за Плусинфо еден од бранителите на поранешниот министер.
Како што дознаваме, во текот на денот се очекува лекарски тим да им реферира на неговите блиски за здравствената состојба на Јанакиески, за кого некои медиуми пишуваат дека најеројатно ќе треба да биде опериран.
Осомничениот министер досега три пати беше во истражниот затвор во Шутка, а откако беше приведен последниот пат штрајкуваше со глад. Сепак, по препорака на лекарите тој го прекина штрајкот со глад.