Јанакиески се изназборувал за провизиите за автопатите

Во дел од разговорите во кои скоро сите ги водеше поранешниот министер за транспорт и врски Миле јанакиески се слушаа информации околу постапката за тендерската документација за изградба на автопатот Миладиновци-Штип и Кичево Охрид за која македонскиот амбасадор во Кина Оливер Шамбевски му ја појаснува на Јанакиески.

4438

Со слушање на останатиот дел од аудио разговорите, популарните „бомби“, рочиштето за предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе продолжи на 4 јули.

Во Кривичниот суд денеска,  по паузата, беа пуштени разговорите кои СЈО ги доставило како докази, а се однесуваат за периодот во јануари 2013 година.

Во дел од разговорите во кои скоро сите ги водеше поранешниот министер за транспорт и врски Миле јанакиески се слушаа информации околу постапката за тендерската документација за изградба на автопатот Миладиновци-Штип и Кичево Охрид за која македонскиот амбасадор во Кина Оливер Шамбевски му ја појаснува на Јанакиески.

Во разговорот се слушаше и протоколот за документацијата за големиот кредит од кинеска банка за изградба на автопатите.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на буџетот на државата од најмалку 155 илјади евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...