Јанакиески однесен на преглед во ГОБ „8. Септември“, се жалел на болки во стомакот, гадење

513

Миле Јанакиески бил однесен на преглед во ГОБ „8. Септември“ во Скопје, јави вечерва Aлсат телевизија.

Неофицијално, поранешниот монистер се пожалил на болки во стомакот, гадење и изнемоштеност и затоа затворската полиција од затворот Шутка го однела на прегледи.

Инаку, Јанакиески со денови не јаде затворска храна.

Тој денеска беше спроведен на судењето за случајот “Талир”. Јанакиески е во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели.

Премиерот Заев денеска изјави дека жали што Јанакиески е во притвор, но дека не може да се меша во судски одлуки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...