Јанакиески: Не е зборувано за провизии, грешни се транскриптот и преводот

878

Поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески реагира на текстот „Јанакиески се изназборувал за провизии за автопатите“  дека е неточен и како што вели, полн со конструкции и не ја одразува фактичката состојба на денешното рочиште.

– Вистината е дека воопшто не е зборувано за никаква провизија. Имено на денешното рочиште за предметот „Траекторија“ во судницата беа пуштани незаконски снимените материјали за кои, според танскриптот, можеше да се увиди дека е направена погрешна транскрипција. Исто така направен е и превид во самиот превод од англиски на македонски. На овие пропусти на обвинителството реагираше одбраната, при што забелешките беа прифатени и од страна на самото Специјално јавно обвинителство.

Наводните грешки во транскриптот и преводот очигледно е дека сериозно ја менуваат суштината, реагира Јанакиески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...