Јанакиески меѓу приведените во големата полициска акција

1679

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески е меѓу приведените утрово во големата полициска акција на полицијата по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, која била спроведена на неколку локации во Скопје, дознаваме неофицијално.

Освен Јанакиески обезбедени за распит во суд се уште десетмина поранешни функционери, административци и лица кои вршат работи од јавен интерес.

Дел од приведените се вработени во Министерството за танспорт, во Катастар и бизнисмен за Шпанските скали.

– По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес, велат од МВР.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...