Утре во Апелацискиот суд треба да се ќе одржи јавна седница на која поранешниот министерот за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски ќе бараат да им се укине притворот, јавува Слободна Европа.
ВМРО ДПМНЕ денеска побараа Апелациониот суд утре да ги земе предвид фактите на одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиноски, и да донесе решение во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз, како што велат, фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како строго доверливо.
Јанакиески и Божиноски се во притвор во истражниот затвор „Скопје“, по барање на СЈО поради наводен план за бегство.
Тие притворот го добија како обвинети во случајот „Титаник“, односно за изборните нерегуларности во 2011 и 2013 година.