Јанакиески и Божиновски на јавна седница во Апелација ќе ги кажат жалбите за притворите

331

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски во понеделник на јавна седница во Апелациониот суд ќе ги образложат жалбите за определената мерка притвор, која бараат да им биде укината, потврдиле од судот за МКД.

Двајцата се наоѓаат во притвор како осомничени во предметот „Титаник“. СЈО побара таква мерка бидејќи, како што посочија оттаму, планирале бегство на ист начин како Груевски.

Покрај за нив двајца, наредниот период се очекува во второстепениот суд да се закаже и седница за притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој мерката ја доби како обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...