Миле Јанакиески преку посредник барал аместија од претседателот Ѓорѓе Иванов за сите лица кои ги гони СЈО, пишува во службената белешка од УБК врз основа на која му е одреден притвор на екс министерот.
Според белешката која ја добило СЈО од МВР, средбата на посредникот со претседателот наводно била по иницијатива на екс министерот.
Меѓутоа, на средбата од страна на Иванов категорично било одбиено тој да ги амнестира со објаснување дека нема намера да се меша во работата на судот.
По средбата со Иванов, наводно посредникот се сретнал со Јанакиески на која обвинетиот му рекол дека амнестијата е последна шанса да се спаси од одговорност.
Исто така, било кажано и дека Јанакиески имaл банкарски сметки надвор од државата што би го олеснило бегството во кое тој би се впуштил ако нема амнестија.