Јакуповиќ: Уцените од ПДТ нема да ме замолчат

924

Актерот Един Јакуповиќ вели дека по настанот кој го објавил за узурпација на јавна површина од возило на сегашниот министерот без ресор и поранешен претседател на Партијата за движење на Турците, од партиски членови и симпатизери, како и во задкулисните кулоари добил закани, уцени и омаловажувања за својата иднина, како на приватен така и многу повеќе на професионален план!

„Често се движам низ градот и од тој ден забележувам непознати ликови кои се движат позади мене и потоа го менуваат правецот!? Политички елити од турски партии, можеби професионално повторно ќе ме егзекутирате но никогаш нема да премолчам атак врз граѓанинот бидејки вие што се криете позади тие фини етнички партии и го уценувате и заплашувате народот најмногу им штетите на реформите кои се одвиваат во здрава и позитивна насока!

Политичките профитери од турските политички партии на власт ПДТ- ТДП повторно го малтретираат, уценуваат и тероризираат граѓанинот за политички поени! Притисоците и заканите кон мене и повикот за линч е затоа што јавно го кревам гласот за вистински еднакво општество за сите, не терор нанесен од турските политички партии“, пишува Јакуповиќ на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...