Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, почнувајќи од денеска, секој понеделник ќе се пријавува во Кривичниот суд.
Оваа мерка на претпазливост му е изречена откако Финансиската полиција го осомничи за злоупотреба на службената положба при спроведување на два тендера во Општината.
На Јакимовски му е одземен и пасошот.