Финансиската полиција веќе три месеци ги третира вработените од Општина Карпош, како некој не би прифатил да посведочи дека за еден предмет не е земена банкарска гаранција, дека тоа наводно било направено под мој притисок, истакна поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски во чиј дом попладнево Финансиската полиција врши претрес, објави Курир. мк.
– Службите заборавиле да ја активираат банкарската гаранција, но и во едниот и во другиот случај нема ама баш апсолутно никаква врска со мене како градоначалник. Им стоиме на располагање за се штo треба, максимално ќе соработуваме со истражните органи да се расчисти оваа работа – вели Јакимовски.
Тој порача дека ГРОМ, дали тој ќе бидам жив или мртов, нема да излезе на овој референдум.
Инаку, Финансиската полиција го гони Јакимовски заради тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.