Јазбец: Нормално е Македонија да ја очекува препораката за ЕУ

284

Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец при денешната посета на Штип го искажа својот оптимизам дека Македонија ќе ја добие препораката за членство во ЕУ, и покрај тоа што и понатаму треба да се работи на реформите.

– Но, јас мислам дека со оглед на она што оваа Влада направи во последните месеци, со интензивно темпо, сосема е нормално да се очекува препораката, па и со оглед на познатите факти кога Македонија го прими статусот на кандидат за ЕУ, и колку долго се очекува почетокот на преговорите. Така што јас мислам дека овде можеме да бидеме оптимисти, немаме информации, но ќе дознаеме брзо – вели Јазбец.

Тој истакна дека администрацијата не треба да се разочарува што толку време се чека на препораката, туку треба да се мотивира да работи на решавање на обичните проблеми на граѓаните. Како што посочи, кога дошол во македонија не знаел дека Скопје и Тетово се едни од најзагадените градови во Европа.

– Овде не ви требаат никакви ЕУ препораки, никакво отварање на поглавје. Тоа може да се сработи, заради животните услови, заради сите граѓани кои живеат во Тетово, кои живеат во Македонија и тоа е најдобар притисок на Европската унија, за да мисијата тргне побрзо. Сакам да кажам дека едно е формалното членство во ЕУ и формалните преговори и почетокот на отварање на поглавјата и сите оние документи, кои треба да се сработат. Ние поминавме низ овој пат и многу пати не болеше главата. Но, најважно е да се работи на реформите, проментите, за луѓето подобро да живеат -вели Јазбец.

Прашан зошто Словенија не се одлучи за протерување на руски претставник, како што направи Македонија, Јазбец со дипломатски одговор дека Словенија поддржала други договори, кои што се однесуваат на задолжително почитување на Конвенциите и практиките на подрачјето за забранување на употребата на хемиско оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...