Асоцијацијата за независна културна сцена „Јадро“ побара објаснување од Владата по одлуката за смена на Роберт Алаѓозовски од позицијата министер за култура. Асоцијацијата смета дека во последната година започнале суштински реформи, предводени токму од актуелниот министер.
Според претставници на Асоцијацијата, мора да се има континуитет во реформите во овој ресор и дека и покрај некои грешки направени изминатата година, овој процес на реформи мора да продолжи. Министерот Алаѓозовски, пак, посочи претходно дека и да биде сменет од оваа позиција, ќе продолжат реформските политики во Министерството за култура.