Јадро бара Владата да ѝ го земе на Беса Министерството за култура

498

Јадро – асоцијација на независната културна сцена бара Владата итно да ја повлече одлуката да и се додели Министерството за култура на Беса, партија, како што велат, чија идеолошка позиција, реторика и ставови целосно се косат со вредностите кои се отелотворени во новата Национална стратегија за културен развој.

Рекацијата на Јадро, која денеска ќе биде искажана од нејзини претставници пред зградата на Министерството за култура ја пренесуваме во цеост:

Зад ставовите кои ќе бидат изложени  на оваа прес конференција, како што велат, стојат засегнати претставници кои работат во полето на културата, претставници на институции, на независниот културен сектор,  на здруженија од културата, уметници и граѓански активисти.

„Реагираме и од државните претставници бараме сериозен и одговорен однос спрема Министерството за култура кое, за жал, до неодамна, цели 11 години, претставуваше инструмент за спроведување авторитарни политики и за реализација на мегаломанскиот и нетранспарентен проект СК014, кој ги осиромаши граѓаните и ја уназади културата во Република Македонија.

АЛАРМИРАМЕ: ова Министерство заслужува раководител преку кој Македонија стратешки ќе ги обликува вредностите на културните политики, кои се дел од новата Стратегија за култура на Република Македонија, а во чие изготвување учествуваа многу засегнати културни актери.

Владата на изборите ја доби поддршката, меѓу другото, и од граѓанските активисти и од независниот културен сектор, врз основа на најавениот нов, демократски, отворен, ненационалистички и граѓански систем на идеи и вредности. Не смееме да дозволиме овој процес да запре со смената на министерската позиција.

ПРАШУВАМЕ: со кое право ова за нас клучно министерство Владата сега го „продава“ на партија чија идеолошка позиција, реторика и ставови целосно се косат со вредностите зад кои стоевме сите заедно, а кои се отелотворени во новата Национална стратегија за културен развој?

БАРАМЕ ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ОВАА ОДЛУКА НА ВЛАДАТА. Но, пред сѐ БАРАМЕ ТРАЈНО СЕРИОЗЕН, ТРАНСПАРЕНТЕН И ОДГОВОРЕН ОДНОС СПРЕМА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА.“, се вели во реакијата на Јадро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...