Компаниите „Омега Рисрч“ „Аспект“ и „Вори“ се најиновативните компании прогласени на националниот конкурс за „Иновативно претпријатие на годината 2019“.
Тие наградите ги добија во конкуренција од 31 компанија кои се натпреваруваа во три категории. Сите три добија признание за успешност и парична награда од 200.000 денари кои ги обезбеди Град Скопје.
Во категоријата најиновативна стартап компанија, наградата ја понесе „Омега Рисрч“ со иновацијата „Иднината на козметиката“, 100 % органска, јадлива и вкусна козметика. Оваа година производите на Омега почнаа да се продаваат и во Словенија и Хрватска каде компанијата се вклучи во еколошката акција – за свет без пластика.
Компанијата „Аспект“ со иновацијата „Дигитален онлајн финансиски сервис“ го доби признанието за најиновативна мала компанија. Иновативното решение на компанијата е имплементирано на пазарот во Мадагаскар и е нова и единствена услуга од овој тип во поголем дел од Африканскиот регион.
Во категоријата најиновативна средна компанија, наградата ја доби „Вори“ од Гевгелија, компанија со повеќе од 25 години искуство и добитник на бројни награди и признанија, за иновацијата „Готови здрави оброци во мали стакленки“.
Наградите ги врачија претставници од ПСМ Фондација и Град Скопје.
Конкурсот „Иновативно претпријатие на годината“ е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската унија, а имплементиран од ПСМ Фондација во соработка со МИР Јакнење на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации
Проектот е финансиран од Европската Унија Фондација и АРК Фонд од Бугарија и беше отворен за сите македонски компании кои имаат развиено нови или значително подобрени производи, услуги и/или процеси во изминатите три години (2016, 2017 и 2018 година).