Јавор: Унгарија може да му отвори пат на Груевски во друга земја

2310

Унгарскиот европратеник од партијата на Зелените, Бенедек Јавор, во разговор со МИА вели дека бегството на Никола Груевски во неговата земја отвора многу политички и правни прашања за владата на Орбан, како и ризик од нов конфликт за Унгарија со ЕУ.

– Ова е многу чуден потег од македонскиот лидер да дојде во Унгарија, ова може да предизвика огромен проблем за унгарската влада исто така. Според унгарските домашни закони и европските нема начин да му се даде политички азил на господинот Груевски. Делумно затоа што Македонија за Унгарија важи за безбедна трета земја, бегалците кои пристигнуваат од Македонија треба да бидат вратени во Македонија бидејќи се смета за безбедна земја. Се разбира знаеме дека има близок однос и пријателство помеѓу Орбан и Груевски, така што сомневам дека ова ќе се случи – вели Јавор.

Toj како трета можност наведува, на Груевски да не му се даде политички азил, туку да се задржи во Унгарија одреден период додека пронајде побезбедно место за себе и тогаш некако да се пушти да стаса во земја надвор од ЕУ.

Тој смета дека Европска Комисија треба да го отвори прашањето за бегството на Груевски, затоа што ги загрозува темелните европски безбедносни интереси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...