Јавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспределува

Во СЈО ја чекаат официјално одлуката на Јавното обвинителство на Љубомир Јовески, за да почнат да ги пакуваат во куфери предметите и истрагите произлезени од „бомбите“.

1902
ФОТО: МИА

Јавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспредели до надлежните јавни обвинтелства, пренесе телевизија Алсат. Во СЈО ја чекаат официјално одлуката на Јавното обвинителство на Љубомир Јовески, за да почнат да ги пакуваат во куфери предметите и истрагите произлезени од „бомбите“. Од СЈО велат дека предметите не можат да застарат, освен оние предмети со кратки рокови, што истекувале и кај нив.

Не се исклучува можноста дел од предметите наместо од обвинители на СЈО, да бидат водени од обвинителите на редовното Обвинителство. За обвинителката Фатиме Фетаи, во моментов најважно е криминалците да одговараат пред правдата.

„Таа одлука би била подобра од било кое друго решение кое што го посакуваат одредени политичари во моментов, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение кое што ќе значи целосно или делумчно одегнување на кривичната одоговрост“, рече обвинителката Фетаи.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...