Сите податоци поврзани со јавниот долг: колкав е јавниот долг, движењетона јавниот долг, хартиите од вредност, јавен долг за 2020 година од денеска може да ги види секој преку новата алатка презентирана од Министерството за финансии „јавен долг“.
Преку оваа алатка, како што рече, министерката за финансии Нина Ангеловска не се крие јавниот долг и задолжувањето на владата, туку се става на увид на граѓаните.
Според податоците што ги има на javendolg.open.finance.gov.mk вкупниот јавен долг претставува 48,9 отсто од домашниот бруто производ (БДП) или 5,54 милијарди евра. Од него државниот долг моментно изнесува 4,56 милијарди евра, долгот на јавните претпријатија изнесува 984 милиони евра, додека општините должат 11,5 милиони евра.
-Јавниот долг е стабилизиран и тоа го покажуваат податоците објавени на оваа платформа. Ние ја стабилизиравме стапката на раст на јавниот долг во услови на развој – рече Ангеловска.
Таа рече дека страната ќе се обновувана редовно според објавата на податоците.
Ангеловска забележа дека време за популизам нема, туку тоа треба да се троши за решавање на проблемите, алудирајќи на прес-конференциите на нејзината дополнителна заменичка министерка која редовно ја обвинува за зголемување на јавниот долг за непродуктивни трошоци.