Јавен повик за селекција и избор на работници од УБК во Агенција за национална безбедност

Од Агенцијата посочија дека Јавниот повик е доставен до сите организациски единици во Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР.

675

Комисијата за селекција и избор на работници на Управата за безбедност и контраразузнавање објави Јавен повик за кој ќе биде спроведена постапка за селекција и избор на кандидати, кои ќе бидат преземени во Агенцијата за национална безбедност.

Право на пријавување имаат сите работници на УБК во Министреството за внатрешни работи. Рокот за пријавување е до 19 јули 2019 година.

Од Агенцијата посочија дека Јавниот повик е доставен до сите организациски единици во Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...