Ѕверката од „Сексот и градот“ ќе стане татко на 64 години ФОТО

Актерот на својот профил на Инстаграм објави фотографија од својата бремена сопруга Тара.

282

Американскиот актер Крис Нот (64) ја објави радосната вест дека ќе стане татко вторпат. Легендарната „Ѕверка“ од серијата „Сексот и градот“ им соопшти на обожавателите дека ќе стане татко по вторпат.

Актерот на својот профил на Инстаграм објави фотографија од својата бремена сопруга Тара го држи трудничкиот стомак за стомакот, а под фотографијата напиша:

„Орион ќе добие брат – подобро е веќе да станам сериозен.“

Честитки дојдоа од сите страни, вклучувајќи ги колешките на Крис од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер (која ја играше Кери Бредшо) и Кристин Дејвис (која ја играше Шарлот Јорк).

„О, Боже! Толку сум среќна заради вас“, напиша Сара.

„Јее!“, напиша Кристин Дејвис.

Крис Нот се ожени со актерката Тара Лин Вилсон во 2012 година. Тие имаа долгогодишна врска пред бракот, а во 2008 година се роди нивниот син Орион.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...