Американскиот актер Крис Нот (65), попознат како „Ѕверка“ од популарната серија „Сексот и градот“ во септември минатата година ги израдува своите обожаватели со најавата дека ќе стане татко по вторпат.
Тоа е она што се случи сега, Крис доби син на 66-годишна возраст!
Неговата сопруга Тара Лин Вилсон (37) на свет го донесе нивниот втор син, кој го доби името Кит, по англискиот поет Kон Китс.
Тој ја сподели радосната вест со своите следбеници на Инстаграм, објавувајќи фотографија од бебето.
Крис Нот се ожени со актерката Тара Лин Вилсон во 2012 година. Тие имаа долготрајна врска пред бракот, а во 2008 година се роди нивниот син Орајон.