Познатите не сакаат да зборуваат многу за своето прво сексуално искуство. Но, кога ќе го направат тоа, сите остануваат без зборови.
Анџелина Џоли открила дека ја изгубила невиноста на 14 години.
– Сексот не ми беше доволен, ниту емоциите. Сакав да бидам со него уште поблиска, па земав нож и го пресеков. Тој ми возврати на истиот начин. Така имавме нешто посебно, двајцата бевме во крв – изјавила Џоли.
Линдзи Лохан имала за прв пат сексуален однос на 13 години.
– Верував дека мојот живот ќе биде многу подобар, бидејќи невиноста ја изгубив со првото богато момче кое се појави во мојот живот. Мислев дека го сакам и посакував да го направам среќен во секоја смисла. Тоа не беше добар начин на размислување – заклучила глумицата.
Џони Деп исто така на 13 години за прв пат им се препуштил на страстите.
– Имав 13 години кога ја изгубив невиноста, до 14 години ги пробав сите можни дроги, испив неколку пива и провалив во канцеларијата на директорот на училиштето. Само сакав да видам како е да се биде од другата страна на заклучените врати – изјавил тој.
Бритни Спирс тврдела дека ќе се чува за првата брачна ноќ, но тогаш започнала врска со Џастин Тимберлејк, па подоцна открила дека тој бил првиот со кого била интимна. Сепак, странските медиуми тврделе дека поп принцезата ја изгубила невиноста на 14 години. Нејзината мајка во својата книга открила дека во прашање било нејзиното тогашно 18-годишно момче, а не Тимберлејк.
На 14 години и Ким Кардашијан ја изгубила невиноста. Кардашијан објаснила дека зборувала со нејзината мајка и со гинеколог, пред да се одлучи на таков чекор.
Извор: српски „Курир”
ФОТО: Профимедиа / српски „Курир”