„Ѕвездите во подем“ на НБА: Американците подобри од Тимот на останатиот свет 

106
Photo: EPA / LARRY W. SMITH
Тимот на САД го победи Тимот на останатиот свет со 161: 144 во натпреварот на „ѕвездите во подем“ на НБА. Дуелот по традиција е еден од најнеизвесните настани од програмата на „Ол-Стар“ викендот кој оваа година е во Шарлот.

Одбраната очекувано беше во заден план, особено во првото полувреме, откако двата состави понудија на гледачите атрактивни изведби и покажаа дека иднината на НБА дефинитивно е светла.

Кајл Кузма беше избран за МВП, кој ја игра втората сезона во Лос Анџелес Лејкерс. Крилото ги демонстрира своите квалитети и беше најпрецизен кошаркар во средбата со 35 поени, додавајќи кон нив 6 скока, 2 асистенции и 1 блок. 30 поени за САД додаде и крилото на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, а плејмејкерот на Атланта Хокс – Треј Јанг постигна 25 поени, 10 асистенции и 7 скока. Со 20 поени, 9 асистенции, 7 скока и 5 украдени топки пак импресионираше бекот на Јута Џез, Донован Мичел, апоинт бекот на Сакраменто Кингс – ДиАрон Фокс беше играчот со најмногу асистенции од двата тима – 16, а кон нив додаде и 5 украдени топки.

Најпрецизен за странците беше австралиската ѕвезда на Филаделфија 76-ерс, Бен Симонс со 28 поени, а кон нив, тој додаде 6 асистенции, 5 скока и 3 украдени топки. Со 21 поен заврши финското тешко крило на Чикаго Булс – Лари Марканен. Словенечката ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ пак преферираше да подава и запиша 9 асистенции, истакнувајќи и 13 поени.

Photo: EPA / LARRY W. SMITH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...