Ѕвездата од „LazyTown“ почина од канцер на 43 години

Актерот зад себе ги остави сопругата и четирите деца.

678
ФОТО: Инстаграм

Актерот Стефан Карл Стефансон, кој го играше Роби Ротон на популарното шоу за деца „LazyTown“, почина од канцер, пренесува „Метро“.

Четириесет и тригодишникот имаше операција која се чинеше оти е успешна, но канцерот се вратил повторно.

– Дури кога ќе ти кажат дека ќе умреш набрзо, сфаќаш колку е краток животот. Времето е највредното нешто во животот, бидејќи никогаш не се враќа. Дали ќе го поминеш во рацете на саканите или сам или во затвор, животот ќе ти биде таков каков што ти ќе си го средиш. Сонувајте големо – изјавил тој во март.

Стефан го играше Роби Ротон од 2004 до 2007 а потоа од 2013 до 2014.

Актерот зад себе ги остави сопругата и четирите деца.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...