Ѕвездата на „50 нијанси“ остана без својот заштитен знак и ги разочара обожавателите ФОТО

Откако со години имала препознатливо растојаните помеѓу предните заби, холивудското тежнеење по совршенство очигледно го направило своето, а реакциите на интернет се мошне бурни.

747

Иако на црвениот тепих во Холивуд се појавила за да го промовира новиот филм „The Peanut Butter Falcon“, 29-годишна Дакота Џонсон вниманието на медиумите го привлекла со еден друг детаљ – новата насмевка.

Откако со години имала препознатливо растојаните помеѓу предните заби, холивудското тежнеење по совршенство очигледно го направило своето, а реакциите на интернет се мошне бурни.

Во филмот кој дошла да го промовира, Дакот сè уште го има препознатливото растојание па сигурно станува збор за нов зафат.

Многумина забележале дека на црвениот тепих се смеела многу повеќе од обично, а реакциите на обожавателите на интернет се урнебесни.

Очигледно, овој детаљ на забите на Дакота многу повеќе им значел отколку што самата можела да замисли.

Козметичкиот избор на Дакота Џонсон многумина изненадил, особено поради фактот дека секогаш изразувала голема наклонетост кон своето препознатливо растојание помеѓу предните заби.

Во 2017 година во видеото снимено за магазинот „Ваните фер“, Дакота изјавила дека помеѓу забите може да смести предмети како стапче за мешање кафе, дршка од цреша и кредитна картичка, нарекувајќи го тоа како свој „единствен талент“.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...